„НЕ СЕ СРБИТЕ ПРОБЛЕМ, ТУКУ ВУЧИЌ“ Курти смета дека српскиот претседател се вратил во 90-тите
„Ние сè уште имаме проблем со Србија, Косово не е проблемот. Проблемот е Србија, особено претседателот на таа држава кој размислува и зборува како во 90-тите години од минатиот век. Граничните премини Јариње и Брњак се во криза не поради Србите, туку поради претседателот на Србија“, изјави Курти.
Србите не се проблем во конфликот меѓу Косово и Србија, туку размислувањата и речникот на Вучиќ кој како да е од 90-тите, објаснува косовскиот премиер Албин Курти за Хрватската национална телевизија. Според него, повеќе од 11.000 косовски Срби без проблем соработувале и земале привремени таблички за влез во Косово, но реакцијата на Вучиќ ги создала тензиите.
„Ние сè уште имаме проблем со Србија, Косово не е проблемот. Проблемот е Србија, особено претседателот на таа држава кој размислува и зборува како во 90-тите години од минатиот век. Граничните премини Јариње и Брњак се во криза не поради Србите, туку поради претседателот на Србија“, изјави Курти.
Според косовскиот премиер, во Србија нема плурализам.
„Имате една партија. Таа партија е и држава. Таа држава е и црква. Таа црква е и партија. Нема таму плурализам, тие глумат демократија со изборите“, кажа Курти.
Тој рекол и дека не мисли дека американските војници ќе бидат повлечени.
„Мислам дека тие нема да се повлечат. Косово треба да биде вклучено во Партнерството за мир. Замислете, од 2006 година Србија добива оружје од Русија, Белорусија и Кина, а не Косово“, кажа Курти.