Не сакала секс со мажот, судот ја развел насила, сега ја тужи Франција во Стразбур

Бракот не е и не треба да биде сексуално ропство, заклучуваат здруженијата, кои се надеваат дека Франција ќе биде осудена во Стразбур.

758

Апелацискиот суд во Версај дозволи да дојде до развод на брак затоа што жената одбивала да има сексуални односи со нејзиниот сопруг. Таа потоа поднесе жалба против Франција пред Европскиот за човекови права, јави дописникот на МИА.

Тужбата против Франција пред Европскиот суд за човекови права (ЕКЧП) е поради „мешање во приватниот живот“ и „напад врз физичкиот интегритет“, откако „француската правда ѝ ја наметнала брачната должност“, посочија денеска две здруженија кои ја поддржуваат жената.






Апелацискиот суд во Версај ја санкционираше жената во 2019 година затоа што одбила да има сексуални односи со нејзиниот сопруг. Судиите пресудија развод за нејзините исклучителни грешки, сметајќи дека овие факти, „утврдени со признание на сопругата, претставуваат сериозно и обновено прекршување на должностите и обврските во бракот, што го прави неподносливо одржувањето на заеднички живот“. Оваа одлука беше потврдена од францускиот Касациски (Врховен) суд.

Фондацијата на жени и Феминистичкиот колектив против силување жалат за фактот дека француската правда „продолжува да ја наметнува брачната должност, со што се негира правото на жените да даваат согласност или не за сексуални односи“. Тие потсетуваат дека „во 47 отсто од 94.000 силувања и обиди за силување годишно, сторител е сопругот или поранешниот сопруг на жртвата“.

Бракот не е и не треба да биде сексуално ропство, заклучуваат здруженијата, кои се надеваат дека Франција ќе биде осудена во Стразбур.

Поврзани содржини