НЕ САКА ДА БИДЕ НА ИСТА ФОТОГРАФИЈА СО ЛУКАШЕНКО Полскиот претседател Дуда одби заедничко фотографирање во Баку

Климатскиот самит на Обединетите нации се одржува секоја година, а оваа година средбата беше организирана во главниот град на Азербејџан, Баку, под слоганот „Во солидарност за зелен свет“.

772

Полскиот претседател Анджеј Дуда одби да биде на заедничка фотографија со другите лидери на климатскиот самит КОП29 што се одржува во Баку.

Како што објави полската новинска агенција ПАП, тој не сакал да биде на заедничка фотографија со белорускиот претседател Александар Лукашенко.






Од истата причина, минатата година, Дуда не присуствуваше на заедничко фотографирање со учесниците на климатскиот самит КОП28 во Дубаи.

Климатскиот самит на Обединетите нации се одржува секоја година, а оваа година средбата беше организирана во главниот град на Азербејџан, Баку, под слоганот „Во солидарност за зелен свет“.

Поврзани содржини