НЕ РАЗБИРАМ КАКО НЕКОЈ МОЖЕ ДА ПАЛИ ЃУБРЕ И ДА ГО ТРУЕ СВОЈОТ НАРОД Итно ќе ги решиме дивите депонии во Карпош, вели Лукровски

Сакам јавно да им се заблагодарам на пожарникарите, меѓу кои и командирот, кого го познавам лично, кои деновиве се справуваа таму со огнот за кој јас одговорно тврдам е инициран, да не кажам запален, вели Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Карпош од ВМРО-ДПМНЕ.

488

Огромен проблем се пожарите во изминатите денови во Скопје, како пожарот во Вардариште и тој во Трубарево, а токму палењето на еден по друг пожар во таков мал временски интервал е премногу коинцидентно, вели Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Карпош од ВМРО-ДПМНЕ.

– Сакам јавно да им се заблагодарам на пожарникарите, меѓу кои и командирот, кого го познавам лично, сакам да изразам огромна благодарност на луѓето кои деновиве се справуваа таму со огнот за кој јас одговорно тврдам е инициран, да не кажам запален. Факт е дека во таков интервал како едниот гасне другиот ни се пали, премногу е коинциденција. И јас имам пријатели и во Аеродром и јас имам пријатели во Лисиче, ми праќаат секојдневно пораки, слики, да видиме што е. Јас не можам да разберам дека некој може тоа да му го прави на својот народ. Мојот ум не размислува така – рече Лукровски во гостување на Алфа.






Додаде дека е револтиран и како човек и како татко од потпалувањето на пожарите.

Посочи дека и на територија на Карпош има диви депонии кои под итно треба да се решат, како и да се пронајдат луѓето кои палат гуми кај Злокуќани.

– Револтиран сум како човек, како татко, децата си ги труеме, се чувствува до кај нас до Карпош 4, не ми е јасно. Тоа може да биде случај и кај нас. Имаме пар депонии во делот на Лепенец, дива депонија која е детектирана која ќе треба да под итно да ја средиме. Тоа е во делот на Злокуќани. Не можам да кажам дека не се знаат. Таму се знаат оние кои го предизвикуваат проблемот, палат гума. Ние треба прво од социјален аспект да ги видиме тие луѓе. Да видиме што ги тера на тоа, можеме ли ние некако на тие луѓе да им помогнеме. Да им дадеме субвенции за гориво, дрво, да пробаме да им помогнеме да видиме што ги доведува до таа ситуација, а после секако треба во рамки на законот да делуваме. Дали ќе биде во соработка со МВР, со нашите инспекциски служби, меѓутоа не можеме да дозволиме ние таму да не планираме да го развиваме Карпош. Не може квалитетот на живот преку Вардар толку да се разликува. Јас ќе бидам таму заедно со граѓаните и тоа што треба да го правиме ќе го правиме – нагласи Лукровски.

Поврзани содржини