НЕ ПРАВАМ КОМПРОМИСИ СО АЛБАНСКОТО ПРАШАЊЕ Ахмети повика на обединување во Гостивар

Како Албанци мора да бидеме единствени, бидејќи уште владеат предрасуди, порача лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

959

Повторно освоивме над 50 проценти од гласовите на Албанците и не може ВМРО-ДПМНЕ да одлучува кој ќе победи во Гостивар, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на средба со жителите на гостиварското село Форино.

– Ние сме достоинствен народ. Како Албанци мора да бидеме единствени, бидејќи уште владеат предрасуди. Не правам компромиси со албанското прашање во Македонија. Ние сме апсолутен победник, ако го преточиме во мандати на пратеници ќе имавме 19 пратеници. Треба да се обединиме бидејќи стануваме важни за локалното население. Ако имаме единствени општини, бидејќи целата агенда е поврзана со општините, ќе биде многу поинаку – рече Ахмети.






Тој пред симпатизерите и сопартијците потсети на делувањето на партијата, која од позиција на централна власт овозможила отворање на универзитети, капитални инфраструктурни проекти, почетокот на гасификацијата, автопатот низ Полог.

Поврзани содржини