НЕ ОСТАВАЈТЕ ВРЕДНИ ПРЕДМЕТИ ВО АВТОМОБИЛИТЕ Совети од полицијата за превенција на тешки кражби од возилата

Важно е да се запамети дека наједноставни мерки, како што се заклучување на возилото и избегнување на оставување на вредни предмети на видни места, значително ги намалуваат шансите за кражба“, велат од СВР Скопје.

942

Во рамките на континуираните превентивни активности, Одделението за превенција при СВР Скопје денеска (17.11.2024) реализираше важна кампања за заштита од имотни деликти. Под мотото „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“, акцијата имаше за цел превенција на тешки кражби од моторни возила.

Активноста беше спроведена на подрачјето на ПС ОН Карпош, конкретно на локацијата Средно Водно, каде полициските службеници преку директни средби и разговори со граѓаните ги информираа за опасностите од оставените вредни предмети во возилата. Во овие разговори, нагласено беше дека граѓаните треба да избегнуваат да остават торби, лаптопи, ранци, паричници и слични предмети во вид на излог, што претставува примамлива цел за криминалци.






„Важно е да се запамети дека наједноставни мерки, како што се заклучување на возилото и избегнување на оставување на вредни предмети на видни места, значително ги намалуваат шансите за кражба“, велат од СВР Скопје.

Граѓаните кои учествуваа во активноста добија едукативни летоци со корисни совети за зголемување на безбедноста на нивните моторни возила и за превенција на кривични дела. Оваа кампања е дел од пошироките напори на полицијата за подигнување на свеста за безбедноста и заштитата на имотот на граѓаните.

Превентивните активности ќе продолжат и во иднина, со цел намалување на бројот на кривични дела поврзани со кражби од моторни возила и зголемување на безбедноста во градот.

Поврзани содржини