„НЕ ОЧЕКУВАВ ДА ПРЕРАСНЕШ ВО КАФАНСКИ ОЗБОРУВАЧ“ Филипче ќе го тужи Николоски за клевета

Што се однесува до сите лаги пласирани за наводна моја хациенда на Водно за која ДКСК има одамна одлука дека не ја поседувам, ќе добие соодветна тужба. Тужба ќе добие и за другите клевети кои ги изрече, напиша Филипче.

766

Неврохирургот Венко Филипче преку Фејсбук статус одговори на тврдењата на Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ дека работи од 14 години сакајќи да го оправда фактот дека нема ниту еден ден реален работен стаж.

„На 14 години можеби единствено што можел да работи е лепење плакати”, пишува Филипче за Николоски.






Во својата објава на Фејсбук, Филипче одговора и на другите прозивки од Николоски и потенцира дека неговиот противкандидат во Изборната единица 4 нема политичка култура.

„Не сум изненаден од речникот. Сепак, морам да признаам дека не очекував Николоски да прерасне во кафански озборувач. Ваквото озборување упатува на целосно отсуство на идеи и концепт во оваа кампања, па Николоски со навреди се обидува да добие политички поени”, вели Филипче.

Филипче го потсетува Николоски дека случајот за хациендата на Водно, што тој тврди дека е негова, е затворен од Државната комисија за спречување на корупција која потврдила дека таа не е негова.

„Што се однесува до сите лаги пласирани за наводна моја хациенда на Водно за која ДКСК има одамна одлука дека не ја поседувам, ќе добие соодветна тужба. Тужба ќе добие и за другите клевети кои ги изрече“, завршува Филипче.

Врз основа на предмет кој ДКСК го има отворено во 13.03.2020 година, подоцна на 22.07.2021 година носи одлука со која го запира постапувањето.

„Согласно со одредбите на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси Државната комисија за спречување на корупцијата утврди дека нема елементи за натамошно постапување по предметот од причина што од утврдената фактичка состојба не е констатирана повреда на закон и состојба на судир на интереси“, се наведува во одлуката на ДКСК, јавно објавена на нивната веб-страница на следниот линк: https://dksk.mk/wp-content/uploads/2021/08/2021-526-6-%D0%B2.%D0%B2.-12-1606-%D0%BE%D0%B4-2020.pdf

Според одлуката, од историскиот преглед добиен од Агенцијата за катастар и Општина Карпош утврдено е дека имотите кои се разгледувани во предметот се купени во 2014 година, пред воопшто Филипче да биде носител на јавна функција.

Поврзани содржини