НЕ МОЖЕ ВО ТЕТОВО ДА СЕ ЗБОРУВА ПРОТИВ ДУИ, А ВО КИЧЕВО ЗА ДУИ Николоски му порача на Касами дека заврши времето на етнички поделби и непринципиелна политика 

Ние ќе продолжиме да соработуваме во Влада, но само врз основа на принципи и на вредности, рече вицепремиерот Александар Николоски.

578

Ветивме дека ДУИ ќе оди во опозиција и тоа се случи после 20 години, а пензионирањето на Али Ахмети е прашање на време. Ако Билал Касами сака да биде алтернатива на нив, тогаш треба да биде целосно различен од нив, порача во денешното гостување на Радио Лидер, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

– Ние ветивме минатата година дека ДУИ ќе оди во опозиција и тоа се случи после дваесет години. Во текот на кампањата и до формирање на владата, најголем број од луѓето не ни веруваа дека ова ќе го реализираме. Така што ние го направивме она што сите го ветуваа, а не го направија. Второто што го ветивме е дека ние политички ќе го пензионираме Али Ахмети и еве го, само прашање на време кога и како тоа ќе се случи – рече Николоски.






Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ испрати и порака до лидерот на БЕСА. Тој нагласи дека политиката на етнички поделби се удрила во ѕид и завршила неславно и дека соработката во Владата може да продолжи само врз основа на принципи и вредности.

– Mислам дека основното што политичарите треба да го разберат, е дека не можат да се алтернатива ако се исти. Така што, ако Билал Касами сака во Тетово да биде алтернатива на Теута Арифи и на претходни кои што биле таму градоначалници од ДУИ, тој не може да е ист како нив, тоа е прво. Второ, не треба да се срами и да му е непријатно тоа што Македонците во Тетово гласаа за него во првиот круг. Тој сега треба да им испорача на тие луѓе, затоа што тоа се негови поддржувачи. Политиката на етнички поделби се удри во ѕид и заврши неславно, но доколку таа политика продолжи во нов формат, тогаш која е разликата? Ние ќе продолжиме да соработуваме во Влада, но само врз основа на принципи и на вредности. Не можете вие да држите митинзи и да зборувате дека треба во Тетово да победи Билал за да не се врати ДУИ, а во исто време да кажете во Кичево „гласајте за ДУИ“. Тоа е непринципиелна политика – нагласи Николоски.

 

Поврзани содржини