ГРУБИ ПОСЕДУВА ПРИСЛУШУВАНИ РАЗГОВОРИ ОД АХМЕТИ Хајредини вели дека не може стабилна влада да се потпира врз неморал

Заев ги искористи дел од прислушуваните разговори, другите му ги даде на Груби, вели Хајредини според кого битката во ДУИ сега е што некои луѓе не можат да ги поднесат игрите на Груби.

1,073

Македонија не може да биде стабилна со Ковачевски, Груби, Ахмети и таквите како нив, бидејќи стабилна влада не се потпира на неморал, заклучи Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии, вчера во своето гостување на ТВ24.

– Ковачевски ни е донесен за премиер од Телеком кој бил таму кога Телеком истурал пари за Али Ахмети. Битката во ДУИ сега е што некои луѓе не можат да ги поднесат игрите на Груби – коментира Хајредини велејеќи дека не може да се протне некој чесен кога доминираат корумпираните.






Истовремено, тој тврди дека Артан Груби уште има моќ бидејќи поседува над 100.000 прислушувани разговори на Али Ахмети, од кои 17.000 се обработени.

– Артан Груби има 10 илјади луѓе на платен список и нема да му биде никаков проблем да собере колку луѓе сака на вечерашниот собир во Чаир – вели Хајредини за најавениот митинг.

Тој додава дека странските дипломати ни порачуваат да го решиме проблемот со Бугарија исто како што го решивме проблемот со Грција, но според него тоа не смее тоа да се случи на ист начин бидејќи тогаш за да се обезбедат гласови во Собранието мораше да им се простат криминали на функционери од ВМРО-ДПМНЕ.

– Јас бев еден од првите кој напиша дека судирот со „огнените“ е игра. Али Ахмети трга луѓе и носи покорумпирани. СДСМ е заложник на ДУИ. Па Ахмети се обиде Теута Арифи да ја протне по третпат за градоначалник, па за амбасадор. Но, сега Ахмети е заложник на тие што ги донесе. Но, материјалите што Заев му ги даде на Груби му овозможуваат моќ и му овозможуваат да прави што сака – вели Хајредини.

Ако „огнените“ сами одат на избори, смета Хајредини, тие ќе победат, додека Груби и Османи нема да добијат „ниту еден глас“.

Исто така, за Хајредини не постојат два периода, пред и по доаѓањето на СДСМ и ДУИ на власт, односно „ова не е период на демократизација бидејќи ДУИ сè уште е на власт, а замина само ВМРО-ДПМНЕ“.

– Во затвор се Јанкуловска, Чавков и Мијалков. Нивните заменици не само што се на власт се уште туку се и унапредени. Што се случи со нив? Како може да велиме дека тој режим оставил девастирана состојба? Нормално дека и сега е девастирана оти ги има истите ликови. СДСМ да не беа десетина илјади Албанци кои му веруваа на Заев дека претходните ќе си лежат, немаше да дојде СДСМ на власт. Но, Заев со истите луѓе, кои се криминалци, направи власт. Ниедно ветување не се оствари – дека ќе се вратат милијарди, дека ќе се уриваат објекти, дека криминалците ќе завршат в затвор. Заев ги искористи дел од прислушуваните разговори, другите му ги даде на Груби – вели Хајредини.

Поврзани содржини