Нејмар го пропушта финалето затоа што го разменил дресот?
Претходно беше соопштено дека размената на дресови за фудбалерите ќе значи и 12 дена самоизолација.
Најголемата фудбалска ѕвезда на ПСЖ, Нејмар може да биде суспендиран и да го пропишти финалето во Лигата на шампионите, пренесува „The Sun“.
Според изворот, Бразилецот по мечот си ги размениле дресовите со дефанзивецот на германскиот тим Марсел Халстенберг. Размената на дресови е забранета од УЕФА со протокол поради пандемијата на коронавирус. Неисполнување на обврските може да резултира во дисциплинска постапка во согласност со прописите.
Претходно беше соопштено дека размената на дресови за фудбалерите ќе значи и 12 дена самоизолација.
Инаку дудбалерите на Пари Сен-Жермен, синоќа го победија Лајпциг со 3:0 во полуфиналето на Лигата на шампионите и се изборија за меч во кој ќе се одлучува за вредниот трофеј.
Францускиот тим за прв пат во својата историја стигна до финалето на турнирот. Тимот предводен од Томас Тухел стана 20-ти финалист во историјата на елитното натпреварување и трет претставник на Франција. Пред парижаните, тоа им успеа на Марсеј (1993) кој стана победник и Монако (2004).
Клуб со најмногу финалиња е Реал Мадрид – учествуваше седум пати.
Досегашни финалисти во ЛШ: Реал Мадрид, Милан, Јувентус, Барселона, Баерн, Манчестер јунајтед, Ливерпул, Ајакс, Борусија Дортмунд, Челзи, Валенсија, Атлетико Мадрид, Марсеј, Порто, Интер, Баер Леверкузен, Монако, Арсенал, Тотенхем и ПСЖ.
Шанса да стане 21-ви финалист вечер ќе има Лион кој во второто полуфинале ќе се сретне со Баерн Минхен.