НЕ ИМ ДАВАЈТЕ ОРУЖЈЕ В РАКА НА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОИНТЕГРАЦИСКИОТ ПРОЦЕС Тачи смета дека е време да се разговара за идентитетот на Албанците во Македонија

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, смета дека е време јавно да се разговара за идентитетот на Албанците да станат дел од правните норми на нашата држава.

344

Се надевам дека со добар дијалог ќе постигнеме договор за уставните измени, бидејќи друг пат и друг начин немаме за да го деблокираме евроинтеграцискиот процес, рече денеска лидерот на ДПА, Мендух Тачи, пред почетокот на лидерската средба во Собранието.

– Движењето Беса, според мене, сѐ уште е дел од коалицијата „Можеме“ со СДСМ. Многу е лошо кога книгата којашто вие ја вие пишувате, некој друг ќе ја предава на друг универзитет. Тоа е крадење на платформа и идеја – изјави изјави лидерот и пратеник на ДПА, Мендух Тачи пред почетокот на лидерската средба во Собранието.






Тој смета дека е време јавно да се разговара за идентитетот на Албанците да станат дел од правните норми на нашата држава.

– Мислам дека не е моментот за услови и уцени. И трето, сега не е моментот да се дава оружје во рака на противниците на евроинтеграциските процеси. Разговарав со Ахмети за оваа тема, но ние немаме никаков услов и тоа треба јасно да каже – рече Тачи.

Поврзани содржини