НЕ ГО ЗЛОУПОТРЕБУВАЈТЕ СЛУЧАЈОТ ОНКОЛОГИЈА ВО ПОЛИТИЧКИ ЦЕЛИ! Обвинителството му врати на министерот Меџити

Информации се споделуваат единствено во обем кој нема да ѝ наштети на постапката, нагласува Обвинителството.

99

Јавното обвинителство води предистражна постапка и не постапува по барања на други лица. Информации се споделуваат единствено во обем кој нема да ѝ наштети на постапката, реагира Јавното обвинителство по изјавата на министерот за здравство Фатмит Меџити дека е крајно време Обвинителството да излезе со име и презиме за случајот со Клиниката за онкологија.

Обвинителството по изјавата на министерот излезе со реакција во која посочува дека обвинителите работат темелно и одговорно, почитувајќи ги сите законски рокови.






Јавното обвинителство апелира политичарите да се воздржат од употреба на овој чувствителен предмет во политички цели“, порачуваат од Обвинителството.

Поврзани содржини