НЕ ГО ОСУДУВАЈТЕ ВАШЕТО ГЕЈ-ДЕТЕ Папата изненади со својот говор за хомосексуалците
Овие негови изјави доаѓаат во очи на сè погласните повици католичките свештеници да почнат да благословуваат истополови бракови. Во САД и во Германија, бискупите веќе почнаа да го прават тоа.
Имате геј-дете? Папата Франциск смета дека не треба да го осудувате, туку да му давате поддршка. На својата неделна аудиенција Папата потсети дека хомосексуалците имаат право да бидат прифатени во нивните семејства, без разлика на тоа што Црквата уште не може да ги прифати истополовите бракови.
Сепак, Црквата би можела да ги поддржи законите кои на хомосексуалците им гарантираат еднаква социјална заштита, пензија и наследство, објасни Папата. Овие негови изјави доаѓаат во очи на сè погласните повици католичките свештеници да почнат да благословуваат истополови бракови. Во САД и во Германија, бискупите веќе почнаа да го прават тоа.
Но, тука се 1,3 милијарди конзервативните верници на Католичката црква кои се спротивставуваат на ова. Тие се зачудени од „збунувачките“ пораки на Папата.
– Меѓу нив има родители „кои гледаат различни сексуални ориентации кај своите деца“ и размислуваат како „да се справат со ситуацијата, како да ги поддржат своите деца и да не се кријат зад осудувачкиот став“ – рече Франциск за родителите кои не знаат што да прават кога нивното дете ќе има каже дека е геј.