НЕ Е ТОЧНО ДЕКА ЗЕЧЕВИЌ ИМАЛ КОРОНА НА ВОДИЦИ Партијата го брани генералниот секретар од нападите на ВМРО-ДПМНЕ

Кирил Пецаков додека чекал резултати за ковид-19, спротивно на протоколите, беше помеѓу граѓаните на одбележувањето на празникот Водици, наместо да биде во изолација. Затоа Пецаков треба да понесе одговорност, се наведува во реакцијата на СДСМ.

368

Не е точно дека генералниот секретар Миле Зечевиќ бил позитивен на празникот Водици, ниту пак дека со симптоми учествувал на настаните тој ден. Тоа е целосна невистина од кујната на очајната ВМРО-ДПМНЕ, реагира СДСМ откако претпладнево ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Зечевиќ на 20 јануари добил позитивен тест на коронавирусот, а ден претходно се шетал без маска на Водици во Охрид.

– За време на посетата во Охрид, не бев позитивен и немав никакви симптоми – вели Зечевиќ за „Фокус“, додавајќи дека дури после посетата на Охрид се тестирал, а резултатот на тестот бил позитивен.

Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ се фатени како не ги почитуваат законите и здравствените протоколи, партијата се дозакопува со нови невистини. Огромна е разликата помеѓу Миле Зечевиќ и неодговорноста на Кирил Пецаков. Кирил Пецаков додека чекал резултати за ковид-19, спротивно на протоколите, беше помеѓу граѓаните на одбележувањето на празникот Водици, наместо да биде во изолација. Затоа Пецаков треба да понесе одговорност“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Поврзани содржини