📷 НАСЕКАДЕ ПРВОАПРИЛСКА СМЕА, САМО НА ПЛОШТАДОТ ШТАМА Децата се маскираа и останаа разочарани
Скопските градоначалници во своите општини го прославија „Денот на шегата“ и да ги насмеат и расположат дечињата кои заедно со своите родители успеале да се маскираат.
Најмладите го прославуваат Меѓународниот ден на шегата – Први април. Максирани во своите омилени ликови од детските приказни и филмови, принцези, бумбари, пчелки, роботи, суперхерои, мали вештерки, мумии, цвеќиња денеска продефилираа на плоштадите низ скопските општини.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска овојпат не успеа да организира прослава на плоштадот „Македонија“. Како што може да се забележи на фотографиите од градскиот плоштад, маскираните дечиња со своите родители се шетаат, но за жал нема никаква прослава. Единствено на плоштадот „Македонија“ може да се забележат куќарките кои беа поставени пред прославата на Новата година и уште стојат таму без никаква намена.
Затоа пак скопските градоначалници своите општини го прославија „Денот на шегата“ и да ги насмеат и расположат дечињата кои заедно со своите родители успеале да се маскираат.
Креативни, оргинални, одлични маски денеска продефилираа во централниот парк во Ѓорче Петров на „Априлијадата“ која ја организираше општината во соработка со училиштата и градинката.
– Најважно од се е што видов многу весели дечиња на едно место. Особено ми е драго што повторно ги усреќивме нашите најмлади жители за кои ја приредивме оваа манифестација, затоа што за мене како градоначалник, но и како родител, нема поголема радост од насмеани млади лица – вели градоначалникот Александар Стојкоски.
– Маските многу позитивно ме изненадија. Се воодушевувам на идеите и креативноста. Честитки за оргиналноста на сите учесници и честитки и до сите добитници на наградите кои ги доделивме по повод 1 Април – Денот на шегата – додава Стојкоски.
Општина Аеродром се издвојува во овој поглед. Во соработка со „Нула отпад“ и со „Капитол мол“, и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштитата на природата и здравјето на луѓето.
Секое дете ќе живее во улогата на херојот од своето детство и во рамките на забавата под маски што ќе ја организира Општина Гази Баба за најмладите, на плоштадот во „Автокоманда“, со почеток во 13 часот.
Децата ќе уживаат дружејќи се со јунаците од „Светот на Биби“ и ќе пеат заедно со учесниците од „Поточиња“.
„Нивните маски секогаш предизвикуваат воодушевувања. Ви благодарам за убавиот ден и имајте среќен ден на шегите“, напиша градоначалникот на Центар Горан Герасимовски.
Шаренило од маски го исполни комплексот на Домот на култура „Илинден“ во Општина Илинден, по повод Денот на шегата 1ви април. Супер херои, самовили, пчелки, војници, пеперутки, принцези, со разни костуми учениците од Илинден ја изразија својата бујна фантазија на дефиле под маски.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски ги разгледа маските кои дефилираа во амфитеатарот, и истакна дека сете се убави а во Илинден владееше весела и позитивна атмосфера по повод Денот на шегата, со детска смеа, песнички, секако и многу интересни маски.
– 1 април е радосен ден за најмладите кои смислуваат разни шеги и лаги, но најмногу им се радуваат на маските. Маскенбалот не само за децата, туку е предизвик и за наставниците кои приготвуваат приредби со своите ученици. Денот на шегата е интернационален празник се слави секаде низ светот и е популатен не само кај децата туку и кај возрасните – рече Георгиевски.
Алексеј Стојменов од ООУ „Невена Георгиева-Дуња“, Андреј Михајловски од ООУ „Круме Кепески“ и Нина Костов од ООУ „Рајко Жинзифов“ се имињата на наградените маски на денешната првоаприлска манифестација „Маски, смеа, рингишпил – дојди во Шеговил!“, организирана од Кисела Вода.
Специјална награда доби и најмладиот учесник на масекнбалот, Ника Костовска. На просторот пред салата „Расадник“, каде што е поставен забавен парк со разни реквизити, беа собрани приближно 1.000 маскирани дечиња.
Просторот беше исполнет со ведрина, со игра и детска смеа. Кловнови и аниматори се грижеа за шеги и трикови, а за музичкот дел беа задолжени омилените „Поточиња“. Жири-комисијата имаше тешка задача да избере три најдобри маски и соодветно ги награди.
Првонаградениот доби таблет, а за второто, третото место и за најмладиот учесник општина Кисела Вода обезбеди слатки пакети.
Од Општина Бутел веќе испратија фотографии од тамошната манифестација на плоштадот „Слобода“ каде како што велат во прекрасна атмосфера, со многу детски џагор и радост, но и уникатни маски кои тие самите се потрудиле да ги изработат се одбележува Денот на шегата.