„НЕ ДОАЃАЈТЕ ДА СЕ ЖАЛИТЕ АКО ВИ ГИ СОБОРИМЕ ДРОНОВИТЕ“ Полскиот министер изненади со пораката до Москва
Ако ракета или авион без дозвола, намерно или случајно, навлезе во нашиот воздушен простор и биде соборен, а остатоците паднат на територија на НАТО, ве молам, не доаѓајте тука да се жалите за тоа. Уште еднаш сте предупредени, изјави министерот за надворешни работи на Полска при Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк.
Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски изјави пред Советот за безбедност на Обединетите нации дека Западот нема да дозволи да биде заплашен и дека НАТО ќе ги соборува сите руски авиони и ракети што ќе го повредат воздушниот простор на Алијансата.
– Ако ракета или авион без дозвола, намерно или случајно, навлезе во нашиот воздушен простор и биде соборен, а остатоците паднат на територија на НАТО, ве молам, не доаѓајте тука да се жалите за тоа. Уште еднаш сте предупредени – рече Сикорски.
Тој ја наведе оваа опасност најавувајќи дека земјите на НАТО „во минатото ѝ дозволувале на Русија карт-бланш“ во такви ситуации, но наместо извинување, како што вели, Москва само лажела.
Според него, повредата на воздушниот простор на земјите-членки на Алијансата е дел од „хибридната војна“ што Русија ја води против Западот веќе со годинии и вклучува ликвидации на политичари, новинари, активисти и бегалци, сајбер-напади на болници и финансиски институции, подметнување пожари во земји како Полска, Велика Британија и Литванија, испраќање запаливи направи низ Европа, вклучувајќи ја Германија, и напади врз украински амбасади.
Сикорски подвлече дека Русија мора да добие јасен сигнал дека таквите провокации нема да бидат толерирани. Обраќајќи се директно до руските претставници, тој рече дека Москва го игнорира меѓународното право.
Неколку недели претходно, дронови беа соборени над Полсква. Москва тврдеше дека не сакала да удри врз полска територија. Полските власти од тогаш нагласуваат дека нападот не бил случаен.