📽 „НЕ ДАВАЈ ЈА ОВАА БИБЛИЈА НИКОМУ, НА НИЕДНА УСТАНОВА“ Повозрасен маж откри писание старо 300 години
Семејна тајна е откриена по речиси 3 века. Стара Библија, којашто се наоѓала на таванот во домот на повозрасен човек, станува интернет сензација, а кутијата во којашто е пронајдена, е означена со 1747 година.
Повозрасен Американец, кон крајот на деветтото десетлетие од својот живот, му открил на своето семејство дека на таванот е скриена Библија, стара речиси 3 века. Тиктокерката Кејти го сними и го објави мигот кога нејзиното семејство ја прелистува големата, стара книга со детално изработени написи и илустрации.
„Дедо ми чекаше на 88 години за да ни каже дека имаме Библија, стара 300 години, на таванот. Сево ова е напишано на германски. Јас не знам да читам германски, не говорам германски, па ако некој бара превод или толкување, тоа не сум јас“, напишала Кејти во описот на своето видео.
Снимката стана хит на интернет и досега собра повеќе од 18,7 милиони прегледи, 3,9 милиони допаѓања и илјадници коментари од следачите.
„Здраво, јас сум библиотекар. Не давајте го ова никому, на ниедна установа. Не продавајте ја без професионална проценка. Буквално вријам од возбуда поради ова богатство, о, Боже!”, напишал еден корисник.
„Дали навистина е толку стара? Најстариот датум на листата е 1844 година. Изгледа повеќе како да е од 1840-те отколку од 1720-те“, се надоврза друг корисник.
Кејти, сепак, одговори: „Кутијата во којашто ја најдовме (Библијата), беше означена со 1747 година, па тргнав со тој датум“.
Ако тоа е вистина, Библијата би била стара 278 години. Во објавата, Кејти објасни дека не очекувала толкаво внимание за видеото.
@sweatshirtgorly im signing it w my insta username 🫶🏻 #fyp #scared #grandpa ♬ original sound – Moses Murisho