НЕ БРЗАЈТЕ ДА НАПОЛНИТЕ ГОРИВО Од полноќ поевтинуваат сите горива

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,85 отсто.

2,269

Малопродажните цени на бензинот „еуросупер-98“ и на дизелот од полноќ се намалуваат за 1,5 денари за литар, на „еуродизел-95“ за еден денар, а масло за домаќинство за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,85 отсто.

Новата малопродажна цена на „еуросупер-95“ ќе изнесува 79,5 денари за литар, „еуросупер-98“ ќе се продава за 81,5, дизелот  за 71, а  масло за домаќинство  за 70,5 денари за литар.






Со одлуката на РКЕ за 0,688 денари за килограм се зголемува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 44,748 денари.

 

Поврзани содржини