НЕ ЈА ПРЕЖИВЕА СООБРАЌАЈНАТА НЕСРЕЌА Македонска државјанка почина во приштинската болница
Во кратката информација во 24-часовниот извештај на косовската полиција се наведува дека несреќата во која настрадала жената се случила на 3 јануари на патот Приштина – Урошевац.
Државјанка на Република Македонија починала вчера во Клиничкиот универзитетски центар на Косово, како последица на повредите здобиени во неодамнешна сообраќајна несреќа, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во кратката информација во 24-часовниот извештај на косовската полиција се наведува дека несреќата во која настрадала жената се случила на 3 јануари на патот Приштина – Урошевац.
По налог на надлежен обвинител, телото на покојната жена, за чиј идентитет нема податоци, е пренесено во Институтот за судска медицина за обдукција.