НАСТАВА СО ОТВОРЕН ПРОЗОРЕЦ ВО ЗИМА? Децата ќе ротираат пред прозорците за време на часовите
Секако дека отворањето на прозорците може да предизвика ризик по здравјето на децата, бидејќи температурите се исклучително ниски.
Комисијата за заразни болести предложи наставата од второто полугодие од училишната година да продолжи со физичко присуство на учениците.
Оваа одлука е донесена во моментите кога во Македонија дневно се регистрираат над 2000 новозаразени лица, а болниците се преполни со болни од ковид-19. Дополнителен проблем секако дека ќе претставуваат и актуелните мерки за заштита на здравјето пропишани за одржување на одделенска настава, со кои е предвидено учениците за време на часовите да седат со маски, а прозорците редовно да се отвараат за да се проветрува.
Секако дека отворањето на прозорците може да предизвика ризик по здравјето на децата, бидејќи температурите се исклучително ниски.
– Добивме известување за физичка настава, а тоа ќе значи дека часовите ќе се одржуваат пред отворени прозорци во поголемиот дел од часовите. Ќе се обидеме да ги ротираме децата, за да не бидат истите што цело време ќе седат до прозорците. Сличен проблем имавме и на почетокот од годината, кога поради невообичаено високите температури дел од деца се пожалија на сиптоми на сончаница – вели наставничка од едно скопско основно училиште.
Од Плусинфо испративме прашање до Министерството за здравство, дали наместо со отворени прозорци да се одржува наставата, можеби е попаметно учениците на одредени интервали организирано да се тестираат со брзи тестови, како што предлагаат поголем број на стручњаци од земјава. Сепак од министерството не добивме одговор.
Во меѓувреме со мислење се јави д-р Нико Беќаровски, кој ја поддржа одлука за организирање настава со физичко присуство.
На прашањето дали е подобро децата да одат во школо со маски или до март да се онјлајн, поставено на социјалните мрежи, Беќаровски понуди одговор во пет точки.
– Секаде во нормалниот свет училиштата последни се затвораа и први се отвараа.
– Да беа затворени теретани, дискотеки, кафичи итн ќе имаше оправдување за on line настава, вака е најблаго речено дискутабилно.
– Најголем дел од средношколците веќе го прележаа омикронот и како што без големи потреси помина првото полугодие, кога ја имавме далеку посмртоносна делта варијанта, така ќе помине и ова полугодие.
– Возрасните имаа и повеќе од доволно време да се вакцинираат, за да не ги малтретираат учениците.
– Спомените од средношколските клупи траат цел живот и премногу е себично да им го уништуваме најубавиот дел од животот, поради нашата себичност и неспособност.