НАСКОТО СО ВОЗ ЌЕ СЕ ПАТУВА НА РЕЛАЦИЈА ПРИЛЕП-БИТОЛА-ЖАБЕНИ Повратниот билет ќе чини 150 денари

Министерот за транспорт вели дека на овој начин ќе се подобрат врските меѓу двата града додека не се изгради автопатот.

1

До јуни ќе се пушти железничка линија Прилеп-Битола-Жабени, а повратниот билет за релацијата ќе изнесува 150 денари, најави денеска министерот за транспорт и врски Александар Николоски.

Ова според министерот, ќе биде решение за проблемот со поврзувањето на двата града додека се работи на автопатот.

– Со МЖ Инфаструктура и МЖ Транспорт, работиме најдоцна до јуни да пуштиме меѓуградски воз кој би оперирал на линија Прилеп-Битола-Жабени. Оние кои имаат дневна потреба за патување меѓу овие два града, а и оние кои работат во индустриската зона Жабени, да го користат возот. Ќе одиме со промотивна цена за повратна карта од 150 денари, што е најевтино што може да се најде на пазарот имајќи предвид дека паркинг некој би платил повеќе, да не зборуваме за бензин за возило – рече Николоски.

Клучни  проекти за развој на Пелагонискиот Регионот на кои што се работи,  како што наведе, се автопатот Прилеп-Битола, чија изградба се одвива со одлична динамика и по првите километри според ветувањето од изведувачот ќе се вози напролет следната година.

Исто така важна е  изградбата на делницата од Фариш до Прилеп, обиколницата за Битола на чие проектирање веќе се работи и проектот за парно во овој град, како и гасификацијата помеѓу Прилеп и Битола.

Поврзани содржини