НАСКОРО ЌЕ ПОЧНЕ ИЗГРАДБАТА НА ВТОРИОТ ДЕЛ НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ – БЛАЦЕ На тендерот се јавиле 11 компании

Европската банка за обнова и развој која го објави тендерот сега врши евалуација на понудите.

0

Вториот дел од изградбата на автопатот Скопје – Блаце ќе почне да се гради многу брзо бидејќи се врши еваулација на понудите на тендерот, изјави министерот за транспорт и врски Александар Николоски.

Тој појасни дека тендерот го објави и ги евалуира понудите Европската банка за обнова и развој и од неа зависи кога ќе почне изградбата.

-Имаме 11 понуди за Скопје – Блаце од реномирани компании. Евалуацијата ја право Европската банка за обнова и развој, а најавите се дека многу брзо ќе излезат со конечна одлука – рече Николоски.

Поврзани содржини