ХАЛК ХОГАН ЗЕМАЛ СМРТОНОСНИ ДОЗИ ФЕНТАНИЛ Интервју дадено пред смртта ги открива неговите најтешки денови
Новата серија на Нетфликс открива дека Халк Хоган користел огромни количини фентанил по разводот и поради хронични болки. Неговото последно интервју пред смртта ја разоткрива личната борба со зависноста и физичката немоќ.
Новата документарна серија на „Нетфликс“ открива шокантни детали за животот на Халк Хоган, кој почина во јули минатата година, вклучувајќи го и неговото признание дека по разводот со Линда Хоган, секојдневно земал опасни количини фентанил за да ги ублажи силните болки.
Поранешната борачка ѕвезда зборува за својата преголема зависност во серијата „Халк Хоган: Вистински Американец“ (Hulk Hogan: Real American), што го претставува неговото последно интервју пред ненадејната смрт од срцев удар во јули минатата година.
Тој објасува дека во тој период, по разводот во 2009 година, имал договор со организацијата ТНА (Total Nonstop Wrestling). Во договорот Хоган навел дека во бракоразводната постапка ѝ препуштил сè на Линда, па поради финансиски причини, му бил потребен нов ангажман. Набргу станало јасно дека тој не е физички способен да настапува на договореното ниво. Поради интензивните хронични болки, почнал да користи фентанил.
– Земав по 80 милиграми фентанил, двапати наутро. Имав два фластери фентанил од 300 мг на нозете и ми дадоа шест лижалки фентанил од 1.500 мг – раскажува Хоган во документарецот. Тој додава дека дури и неговиот фармацевт бил згрозен од количините велејќи му дека според медицинските параметри би требало да биде мртов. Поради болките во грбот, легендарниот борач често спиел на столче бидејќи не можел да лежи.
Неговиот последен настап во рингот беше во 2012 година.