НАСИЛСТВО ВО КИСЕЛА ВОДА Внук со нож го нападнал 82-годишниот дедо

82-годишник од Скопје пријавил дека во дворот од семејната куќа на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, бил физички нападнат од својот внук.

602

82-годишен скопјанец во дворот на својата куќа на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат од својот 27-годишен внук.

„На 20.04.2024 во 22.00 часот во СВР Скопје, 82-годишник од Скопје пријавил дека во дворот од семејната куќа на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, бил физички нападнат од својот внук М.Т.(27) од Скопје, кој употребил и остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ – информираат од МВР.

Поврзани содржини