НАСИЛА ЈА ВНЕЛ ПОРАНЕШНАТА ДЕВОЈКА ВО АВТОМОБИЛОТ И ЗАМИНАЛ Полициска потера во Велес, насилникот уапсен
Ноќеска во 1 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го уапсиле Б.О. (21) од Чашка.
Според пријавеното од очевидци, тој без нејзина согласност ја внел неговата поранешна малолетна девојка (17) во автомобил „фолксваген голф” со велешки регистарски ознаки, но по кратко време полицајците го запреле возилото, по што Б.О. бил приведен во полициска станица.
Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.