НАШИТЕ МИНИСТРИ СЕ НАЈДОБРИ ВО ВЛАДАТА Алтернатива тврди дека Сали и Алити нема да бидат сменети
„Нашите министри Беким Сали и Адмирим Алити се едни од најуспешните министри во целата Влада. И затоа не гледаме никаква причина за отворање на вакви теми“, велат од Алтернатива.
Нашите министри Беким Сали и Адмирим Алити се меѓу најуспешните министри во целата Влада, информираат од Алтернатива откако во јавноста се појавија шпекулации дека токму министерот за здравство и министерот за информатичко оштество и администрација наскоро ќе бидат симнати од функцијата како дел од најавената мини-реконструкција на Владата.
„Нашите министри Беким Сали и Адмирим Алити се едни од најуспешните министри во целата Влада. И затоа не гледаме никаква причина за отворање на вакви теми“, велат од Алтернатива.
И лидерот на партијата, Африм Гаши, утрово за Сител потврди дека не се точни овие информации.
ПО МИЛЕВСКИ, ЏАДЕ ЌЕ ФАТАТ И САЛИ, АЛИТИ И БОЧВАРСКИ? Ковачевски крои мини реконструкција во Владата