НАРОДОТ ВЕ ИЗБРА ЗА ДА ДИСКУТИРАТЕ ВО СОБРАНИЕТО, А НЕ ДА СЕ СЛИКАТЕ И ДА МОЛЧИТЕ Богоев распали по пратениците од СДСМ
„Пратениците треба да знаат дека се избрани од народот за да аргументираат и да дискутираат во Собрание, а не да се сликаат и да молчат! Особено на седници на кои се формира владејачко мнозинство и се бира претседател на Собрание. СДСМ треба да има конструктивна, но пред сѐ корективна и проактивна улога во Собранието. Тоа мора да биде така од самиот почеток, во спротивно, други партии ќе го преземат опозицискиот простор“, напиша Богоев на Фејсбук.
Директор на Царина и член на СДСМ, Стефан Богоев, попладнево на социјалните мрежи ја коментираше денешната седница во Собранието на која се верифицирани мандатите на пратениците, а на која Африм Гаши од коалиција ВРЕДИ е избран за собраниски спикер.
Според Богоев, пратениците треба во Собрание да дискутираат, а не да молчат и да се сликаат.
„Пратениците треба да знаат дека се избрани од народот за да аргументираат и да дискутираат во Собрание, а не да се сликаат и да молчат! Особено на седници на кои се формира владејачко мнозинство и се бира претседател на Собрание. СДСМ треба да има конструктивна, но пред сѐ корективна и проактивна улога во Собранието. Тоа мора да биде така од самиот почеток, во спротивно, други партии ќе го преземат опозицискиот простор“, напиша Богоев на Фејсбук.
И Андреј Петров од СДСМ со сличен став како и Богоев.
Тој рече дека „требаше денеска барем еден или двајца пратеници од СДСМ да излезат на говорница и да ги кажат нивните забелешки“.