Народна банка: Депозитите се најбезбедни во банките

Оттаму велат дека заштедите во вакви околности се најбезбедни во банките и штедилниците и го имаат истиот статус како пред прогласувањето на вонредната состојба.

595

Депозитите на граѓаните во банките се сигурни и не постои простор за загриженост, а прогласувањето на вонредната состојба не подразбира промени во процесот на банкарското работење, порачуваат од Народната банка. 

Оттаму велат дека заштедите во вакви околности се најбезбедни во банките и штедилниците и го имаат истиот статус како пред прогласувањето на вонредната состојба.






Појаснуваат дека и во вонредна состојба, за депозитите се пресметува и добива камата, во согласност со договорот што клиентот го има со банката или штедилница, како што важат и сите други договорни одредби.

– Не постои простор за загриженост – како што веќе укажавме, и во периодот на вонредната состојба, депозитите ќе им бидат достапни на граѓаните и фирмите, како и претходно – истакнуваат од Народната банка. 

Потсетуват дека и сите други услуги што ги нудат банките и штедилниците, на граѓаните и фирмите им се достапни додека трае вонредната состојба.

– Работата на финансиските институции за кои Народната банка е надлежен регулаторен и супервизорски орган го задржува својот континуитет и во овие привремено променети околности – оценуваат од централната банка и истакнуваат дека платниот промет се одвива непречено.

Укажуваат дека користењето на готовината во овој период е опасно по здравјето и апелираат плаќањата да се вршат со платежни картички или преку сервисите за електронско и мобилно банкарство

Поврзани содржини