Народн правобранител: Пријавете повреда на избирачкото право на бесплатниот телефон 0800 54321

Телефонската линија ќе функционира секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот и по пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, по примениот повик, или снименатапорака.

215

Граѓаните од денеска ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321, информираа од Канцеларијата на Народниот правобранител.

Сите непрaвилности може да се пријават во текот на предизборниот период и на денот на гласањето.
Телефонската линија ќе функционира секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот и по пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, по примениот повик, или снименатапорака.






Како што информираат од Канцеларијата, Народниот правобранител, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права.

Поврзани содржини