Кортни Кардашијан објави на Инстаграм видеоснимка на која покажува како нејзиниот син Мејсон и сестрата Клои расфрлале тоалетна хартија низ дворот.
Најстарата сестра на кланот Кардашијан очигледно се покаја поради објавувањето на видеото, па побрза да го избрише од својот профил, но предоцна… тоа веќе се распространи со брзина на светлината.
Имено, славните сестри jа налутија јавноста земајќи предвид дека Американците се соочуваат со недостиг на тоалетна хартија во некои области, па затоа некои продавници мораа да ја ограничат продажбата на еден пакет по клиент.
Постојат луѓе на кои им е потребна тоалетна хартија во моментов, а тета Клои и Мејсон ја трошат во дворот“, е само еден од коментарите на адресата на Кардашијан.
Stores are limiting 1 pack of toilet paper per customer (when there’s any in stock). Meanwhile Khloe Kardashian is TPing her sister’s mansion pic.twitter.com/R9G3QJTzU1
— max (@meowiee_wowiee) May 10, 2020