Наизменичен сообраќај кај Гостивар-крак Маврово поради превртена цистерна

285

На патниот правец Гостивар – крак Маврово, кај Новоселски мост сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента поради превртена цистерна, соопшти АМСМ.

На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација и присутна е сообраќајната полиција.






Од АМСМ на учесниците во сообраќајот им препорачуваат внимателно возење, прилагодување на брзината спрема условите на патот и почитување на сообраќајната сигнализација

Поврзани содржини