НАДАЛ ВЛЕЗЕ ВО ВТОРАТА НЕДЕЛА НА АО Се проби по петнаесетти пат во кариерата

Надал по шести последователен и по сѐ на сѐ петнаесетти пат во кариерата се најде во втората недела на Австралија опен.

293

 

Петтиот светски рекет Рафаел Надал попладнево во третото коло на Австралија опен го победи Карен Хачанов и тоа со 6:3, 6:2, 3:6 и 6:1. Шпанецот во меѓусебните дуели поведе со 8:0. Надал по шести последователен и по сѐ на сѐ петнаесетти пат во кариерата се најде во втората недела на Австралија опен.






На Грен слем турнирите, 18-ти пат по ред стигна до четвртото коло – последен пат не играше во втората недела на Ролан Гарос 2016 година, каде испадна во третото коло.

Надал е 20-кратен Грен слем шампион. За него ова е 51-ви пат да влезе во втората недела на Грен слем турнирите. Првиот пат кога стигна до оваа фаза беше пред 17 години на Австралија опен во 2005 година.

За место во четвртфиналето Надал ќе ги одмери силите со победникот од мечот Аслан Карацев – Адријан Манарино.

Поврзани содржини