НАДАЛ СЕ ВРАЌА НА ТЕРЕНОТ ПО ПОВРЕДИТЕ Не можам веднаш да играм на исто ниво како претходно
Не можете да очекувате да играте на неверојатно ниво уште од самиот почеток. Мора да бидете доволно скромни и да се борите со алатките што ги имате за да победите на првиот натпревар. Потоа, кога ќе победите натпревар или два, сè се менува и повторно се чувствувате конкурентни. Ако играте добро, а мислам дека играм повеќе или помалку добро, тогаш ви е удобно на теренот. Но, конкуренцијата е друга работа, вели славниот тенисер.
Дваесет и двократниот грен слем шампион Рафаел Надал ги искажа своите очекувања пред Мастерсот во Синсинати, каде што ќе го одигра првиот меч по Вимблдон.
– Важно е да се биде свесен дека по враќањето нема да биде сè совршено. Не можете да очекувате да играте на неверојатно ниво уште од самиот почеток. Мора да бидете доволно скромни и да се борите со алатките што ги имате за да победите на првиот натпревар. Потоа, кога ќе победите натпревар или два, сè се менува и повторно се чувствувате конкурентни. Ако играте добро, а мислам дека играм повеќе или помалку добро, тогаш ви е удобно на теренот. Но, конкуренцијата е друга работа – вели славниот тенисер.
Надал подолго време беше надвор од теренот поради кинење на стомачните мускули.