НАД 1.000 ЖРТВИ СИГУРНО, А МОЖЕ И 10.000! Проценка на американски институт
Според проценките на овој Геолошкиот институт на САД, има 47 отсто шанси бројката на загинати да достигне помеѓу 1.000 и 10.000 лица.
Бројот на загинати во силниот земјотрес што рано утринава ја погоди јужна Турција може да достигне и до 10.000 лица, прогнозира Геолошкиот институт на САД (USGS).
Според проценките на овој Институт, има 47 отсто шанси бројката на загинати да достигне помеѓу 1.000 и 10.000 лица.
Проценките на Институтот се изведени од моделирање врз основа на поранешни земјотреси во регионот, од населението изложено на најсилните земјотреси и ранливоста на структурите во најтешко погодените зони.
– Веројатни се големи жртви и голема штета, а катастрофата најверојатно ќе биде широко распространета. Населението во овој регион живее во објекти кои се исклучително ранливи на земјотреси, иако има и некои отпорни објекти – се вели во извештајот на Американскиот геолошки институт.
Извештајот, исто така, проценува дека економските загуби најверојатно ќе бидат меѓу 1 и 10 милијарди американски долари, што би можело да достигне до 2 отсто од турскиот БДП.
Според официјалните претставници и државните медиуми, досега е потврдено дека загинале повеќе од 600 луѓе, а повеќе од 3.000 се повредени во Турција и Сирија.