📽 НАЈВИСОКИОТ ЧОВЕК ПОКРАЈ НАЈНИСКАТА ЖЕНА ВО СВЕТОТ Се сретнаа повторно во Лос Анџелес 

Турчинот Султан Косен кој има 251 сантиметар и Индијката Џиоти Амге со нејзините 62,8 сантиметри патуваат заедно за Лос Анџелес на покана на американски продуцент кој ќе ја овековечи средбата на највисокиот маж и најниската жена на светот.

459

Највисокиот човек на светот, Султан Косен од Турција, повторно се сретна со својата „спротивност“ – најниската жена на светот, Индијката Џиоти Амге. Средбата се случи во американската сојузна држава Калифорнија.

Турчинот, инаку, има 251 сантиметар, а Амге е висока 62,8 сантиметри Тие претходно се сретнаа и во Каиро, Египет, во 2018 година, на покана на тамошното Министерство за култура и туризам, при што ги посетија и пирамидите во Гиза.






По шест години двајцата повторно се сретнаа во САД каде што заедно појадувале, а на крајот и се фотографирале за спомен.

Косен во 2014 година, во Лондон, Велика Британија, се сретна и со најниската личност во светот – Чандра Бахадур Данги од Непал (висок 54,6 цм), кој почина следната 2015 година.

Косен и Амге се дел од Гинисовата книга на рекорди од 2011 година. Во вторник патуваат за Лос Анџелес на покана на американски продуцент кој ќе ја овековечи средбата на највисокиот маж и најниската жена на светот.

Должината на стапалото на Косен е 36,5 сантиметри, што е половина од висината на Амге. Нормално растел до десетгодишна возраст, но поради туморот развил состојба наречена хипофизен гигантизам. Спие во кревет долг три метри, а мора да носи специјално скроена облека.

Актерката Амге е пониска од просечно двегодишно дете, а на 18 години имала 5 килограми. Таа боледува од ахондроплазија, пореметување поради кое човекот ненормално расте. Имала 15 години кога станала најниската тинејџерка на светот. Три години подоцна, таа стана најниската жена на светот.

 

Поврзани содржини