НА УПРАВИТЕЛОТ НА БУГАРСКИ ФИРМИ ВО ПРВ ПЛАН МУ Е БИЗНИСОТ Филипче сè уште раководи со Пауер Ај 8 во Бугарија?

Венко Филипче, управителот на бугарска фирма во слободно време претседател на СДСM да каже што точно работи со фирмата и кои се неговите интереси во Македонија и во Бугарија, но и во други држави од соседството и во Персискиот залив, обвини Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

2,664

На управителот на бугарски фирми, во слободно време претседател на СДСM, Венко Филипче во прв план му е бизнисот во Бугарија, обвини Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ велејќи дека Филипче и денес, една година откако стана лидер на СДСМ раководи со бугарската фирма Пауер Ај 8.

Според Петрушевски, фирмата е 100% во сопственост на лидерот на СДСМ.






„Венко Филипче оваа фирма во Бугарија ја основал на 18.11.2022 година, со седиште во Петрич на улица Гоце Делчев бр.12, адреса која ја дели со многу фирми на Заеви. Пауер Ај 8 е фирма регистрирана за изградба на згради, продавање на станови, нивно издавање, потоа за трговија, но и за хотелска дејност.

Венко Филипче, управителот на бугарска фирма во слободно време претседател на СДСM да каже што точно работи со фирмата и кои се неговите интереси во Македонија и во Бугарија, но и во други држави од соседството и во Персискиот залив.

Мораме да потенцираме дека статусот на фирмата е активен, а тоа лесно може да се види по електронските регистри кои дозволуваат слободен пристап до информации за фирми.

Венко Филипче нема простор да бега од одговори, туку веднаш да каже. Дали е претседател на СДСM за лесно да му врват работите во бизнисот со Бугарија, или е во бизнисот во Бугарија за полесно да му оди управувањето со СДСM“, соопшти Петрушевски од партиската говорница.

Поврзани содржини