НА ТРИ ЛОКАЦИИ ВО СКОПЈЕ ПРОНАЈДЕНИ ТРОЈЦА ПОЧИНАТИ На телата нема траги од насилство и се предадени на обдукција

268

 

Во Скопје вчера на три локации се пронајдени починати три повозрасни лица, соопшти полицијата.






Како што соопшти полицијата, вчера било пријавено дека во својот дом во Центар бил пронајден починат Б.О.(69). Истиот ден во хотелска соба на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат С.Е.(63) од Р.Турција со престој во државата, а во село Кучково, под патничко возило „опел” со скопски регистарски ознаки бил пронајден починат Ц.Р.(67) од с.Волково.

Лекари на итна помош констатирале смрт кај трите лица без траги на насилство, а телата на починатите се дадени на обдукција.

Поврзани содржини