ИРАН СЕ ЖАЛИ НА ДИСКРИМИНАЦИЈА НА СП ВО ФУДБАЛ Вашингтон не им даде визи на неколку членови на делегацијата

Земјата домаќин создаде дискриминаторска и нееднаква средина за иранскиот анционален тим, што претставува политичко мешање во спортот – се вели во соопштението на ИФФ.

0

Иранската фудбалска федерација (ИФФ) ги критикуваше САД откако им одби визи на некои членови на националниот тим пред Светското првенство.

Иранците сметаат дека САД создале дискриминаторски услови за нивниот национален тим.






„Земјата домаќин, преку своето дискриминаторско и насочено однесување против иранскиот национален тим, создаде дискриминаторска и нееднаква средина, што претставува политичко мешање во спортот на најлош можен начин, се вели во соопштението на федерацијата објавено од новинската агенција ИСНА.

Претходно, новинската агенција Тасним објави дека САД им одбиле визи на неколку членови на делегацијата на иранскиот национален тим, вклучително и членови на тренерскиот персонал.

Федерацијата, исто така, истакна дека се обратила до ФИФА. Иран верува дека меѓународната организација треба да ги олесни визите за преостанатите членови на делегацијата.

Претходно, амбасадорот на Иран во Анкара, Мохамед-Хасан Хабиболазадех, објави дека иранскиот национален тим добил визи за учество на турнирот.

Светското првенство ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико. Во групната фаза, иранската репрезентација ќе игра против Нов Зеланд, Белгија и Египет.

Поврзани содржини