Најтажната новогодишна елка! Елка „украсена“ со имињата на загинатите е поставена на пристаништето во Бејрут (ВИДЕО)
Да потсетиме, главниот град на Либан годинава го потресе катастрофалната експлозија, во која загинаа повеќе од 200 лица, додека околу 6.500 беа повредени.
Иако новогодишната ноќ во 2021 година ќе отсуствува оваа година, поради пандемијата на вирусот ковид-19, светските метрополи не се откажаа целосно од украсувањето за празници. Така, плоштадите ширум светот се украсени со новогодишни елки, но една од најтажните е поставен во Бејрут.
Елка со имињата на загинатите во страшната експлозија во пристаништето во главниот град на Либан на 4 август беше поставена на местото на трагедијата, пред уништените силоси.
Новогодишната елка е украсена половина со украси, а на другата половина има список на жртвите.
На овој начин им беше оддадена чест на сите кои загинаа во една од најголемите трагедии во Либан.
Да потсетиме, главниот град на Либан годинава го потресе катастрофалната експлозија, во која загинаа повеќе од 200 лица, додека околу 6.500 беа повредени. Голем број луѓе останаа без покрив над главата кога експлодираа 2.750 тони амониум нитрат, кои беа зачувани во пристаништето од 2013 година, без поголем надзор.
Фотографиите и видеата од хорор го обиколија светот, а страшната експлозија се почувствува и на оддалеченост од стотици километри.
По бранот протести, Владата поднесе оставка, а премиерот и бројните министри се соочуваат со обвиненија поради експлозијата.