НА СИБИР НЕВАКЦИНИРАНИТЕ БАРААТ ДОЗВОЛА ЗА ПРОШЕТКА Еден час за со кучето, два за до аптека

Граѓаните ќе можат на интернет да аплицираат за својот излез надвор од препорачаното време.

348

Еден час за прошетка на кучето, два часа за да одат до аптека и четири часа за да присуствуваат на погреб имаат невакцинираните жители на округот Канти-Манси во Сибир, пишува Мондо. Регионот кој се наоѓа на 2.700 километри од Москва прв воведе целосно затворање за невакцинираните кое ќе трае до 5 декември.

Граѓаните ќе можат на интернет да аплицираат за својот излез надвор од препорачаното време. Регионалниот кризен штаб исто така забрани културни и спортски настани и нареди сите ресторани кои не нудат храна за носење да бидат затворени од 22 до 06 часот од 22 ноември до 5 декември.






Инаку, Татарстан стана првата руска провинција која воведе QR код за пропусница во јавниот превоз, што доведе до долги одложувања, апсења, но и хоспитализација на кондуктери во автобусите.

Најновите регионални мерки за зголемување на вакцинацијата доаѓаат во време кога руските пратеници се тркаат за воведување пасоши за вакцини за во јавниот превоз, рестораните и во продавници кои продаваат продукти кои не се неопходни за живот со цел да се борат со длабоко вкоренетиот сомнеж за вакцините.

Се очекува рускиот парламент да го усвои QR-кодот на препораката, а тој ќе стапи на сила на 1 февруари и ќе трае до 1 јуни 2022 година.

Поврзани содржини