Американскиот актер и поранешен борач Двејн Џонсон (48), попознат под прекарот „Карпа“, ги изнесе своите политички аспирации од минатото и призна дека со задоволство би се кандидирал на идните претседателски избори во САД, но само ако тоа е она што народот го сака и го побара од него.
Говорејќи во емисијата „САД денес“, најплатениот холивудски актер рекол:
„Би ја разгледал кандидатурата за претседател во иднина, ако тоа е она што луѓето навистина го сакаат. Јас навистина го мислам тоа, и во никој случај не сум непостојан со својот одговор… Значи, чекав и слушав. Го држев прстот на пулсот, увото на земја – рекол „Карпа“.
Џонсон во минатото зборувал за „реалната можност“ да се кандидира за претседател, откако слушнал дека „сè повеќе и повеќе“ луѓе го туркаат актерот да прејде во политика. Уште во 2017 година, Џонсон рекол:
„Постоеше реално чувство за сериозност, што ме натера да одам дома и да помислам: „Дозволете ми навистина да го преиспитам својот одговор и да се обидам да дадам одговор што е точен и кој исто така го почитувам“.“