📷 НАЈНОВИ МОДЕЛИ НА КЛИМА УРЕДИ, ТОПЛИНСКИ ПУМПИ, МУЛТИ СИСТЕМИ Годишна презентација на Тошиба Кериер во организација на „Енергија“

Учество на презентацијата земаа Robert Horvat - Toshiba Key Account Manager и Grigoris Konstas - Carrier Area Sales Manager како и сопствениците на компанијата Васил Цицонков и Самоил Цицонков со најава што ќе биде ново во „Енергија“ во следниот период.

225

Годишната презентација на Тошиба Кериер во организација на компанијата „Енергија“, која постои веќе 19 години на пазарот во Македонија, се одржа во винаријата „Кралица Марија“ во Демир Капија.

Пред повеќе од 150 учесници, партнери на компанијата „Енергија“, дистрибутери, проектанти, инженери, архитекти и градежни компании се презентираше програмата на Toshiba Carrier за 2о24 година: инвертер клима уреди, топлински пумпи, Мулти системи, VRF системи, чилери, вент.конвектори итн.






Учество на презентацијата земаа Robert Horvat – Toshiba Key Account Manager и Grigoris Konstas – Carrier Area Sales Manager како и сопствениците на компанијата Васил Цицонков и Самоил Цицонков со најава што ќе биде ново во „Енергија“ во следниот период.

Своја презентација имаше и Игор Панчевски, технички експерт за Македонија кој ги презентираше можностите за GEFF зелени кредити со грант финансирање на Toshiba Carrier системите со топлински пумпи.

Во самата сала за презентации беа изложени голем број на Toshiba Carrier инвертер уреди и топлински пумпи каде на лице место присутните можеа да се запознаат со најновите модели и нивниот висок квалитет на изработка.

„Се гледаме и следната година каде освен новитетите во полето на ладење и греење ќе прославиме и 20 години јубилеј на компанијата“, најавија од „Енергија“.

Поврзани содржини