НАЈМАЛКУ ДЕВЕТ ЗАГИНАТИ ВО ПОЖАР ВО КОВИД БОЛНИЦА ВО РОМАНИЈА 50 пациенти се евакуирани (ВИДЕО)
Пожарот во меѓувареме е угасен, а Ројтерс јавува дека досега се евакуирани 50 пациенти и дека тие се префрлени во друга болница.
Најмалку девет лица загинале во пожар во болница во Романија. Станува збор за ковид болница во градот Констанца на истокот на Романија.
Пожарот избил на одделението за интензивна нега.
Министерството за здравство најавило прес конференција на која, како што велат ќе дадат повеќе информации.
Во болницата, во моментот на пожарот имало 113 пациенти, од кои 10 биле на интензивна нега.
Пожарот во меѓувареме е угасен, а Ројтерс јавува дека досега се евакуирани 50 пациенти и дека тие се префрлени во друга болница.