🎥 НАЈМАЛКУ 30 ЗАГИНАТИ ВО АВИОНСКАТА НЕСРЕЌА ВО ИНДИЈА Сите стравуваат дека бројот на загинати ќе расте

Дури 242 патници и 10 членови на екипажот биле во авионот што летал за Лондон. Висок полициски службеник во Ахмедабад за новинската агенција АНИ изјави дека авионотсе урнал во лекарски дом.

704

Најмалку 30 лица се потврдени загинати во трагичната авионска несреќа во близина на аеродромот Ахмедабад, во четврток, тврдат локални медиуми.

Дури 242 патници и 10 членови на екипажот биле во авионот што летал за Лондон.






Според извештаите, спасувачите извлекле најмалку 30 тела од местото на несреќата. Висок полициски службеник во Ахмедабад за новинската агенција АНИ изјави дека авионотсе урнал врз лекарски дом.

Спасувачите сведочат за ужасни глетки на местото на настанот:

Според директорот на Генералната дирекција за цивилно воздухопловство, авионот на летот Ахмедабад-Лондон се урнал веднаш по полетувањето од аеродромот во главниот град на Гуџарат.

Сите 242 регистрирани патници на летот лет AI 171 биле во авионот од моделот Боинг 787-8 Дримлајнер. По полетувањето, авионот достигнал само 625 стапки височина, потоа доживеал нагло симнување од околу и исчезнал од радарот.

Авионот се урнал во населена зона, веднаш надвор од периметарот на аеродромот, во областа Мегхани Негар, предизвикувајќи густ чад и пожар.

🎥 ПРВИТЕ СНИМКИ ОД АВИОНСКАТА НЕСРЕЌА ВО ИНДИЈА НАВЕСТУВААТ УЖАС Светот е во исчекување на бројот на жртвите во Боингот со 242 патници

Поврзани содржини