📽️ НАЈМАЛКУ 30 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО СТАМПЕДО НА НАЈГОЛЕМИОТ ХИНДУИСТИЧКИ ФЕСТИВАЛ 60 лица се повредени во Утар Прадеш

Додека толпата се движеше во различни правци, луѓето почнаа да се туркаат надвор, а некои се обидоа да ги прескокнат бариерите. Многумина во паника паднаа на брегот на реката, а семејствата кои спиеја на земја во близина беа прегазени. Голем број тела останаа да лежат околу бреговите на реката.

288

Најмалку 30 луѓе загинаа, а најмалку двојно повеќе се ранети во фатални судири што се случиле во раните утрински часови во средата во толпата на фестивалот Кумб Мела, потврди индиската полиција. Во средата огромен број луѓе отишле да се капат на едно од најсветите места на хиндуистичкиот собир кој е наречен и „фестивал на фестивалите“ и е аџилак кој се одржува еднаш во 12 години.

Десетици милиони луѓе се собраа во северната држава Утар Прадеш за да се потопат во светиот спој на реките Ганг и Јамуна на еден од најпосетените денови на фестивалот.






Според извештаите на приврзаниците,  инцидентот се случил околу 1 часот по полноќ, пишува „Гардијан“.

 

Претходно, официјални лица на терен изјавија дека 39 тела биле донесени во болничка мртовечница. Се стравува дека бројот на загинати би можел да биде поголем од официјално потврденото.

„Додека толпата се движеше во различни правци, луѓето почнаа да се туркаат надвор, а некои се обидоа да ги прескокнат бариерите. Многумина во паника паднаа на брегот на реката, а семејствата кои спиеја на земја во близина беа прегазени. Голем број тела останаа да лежат околу бреговите на реката“, пишува „Гардијан“.

„Обувките и облеката можеа да се видат расфрлани на земја, а имаше сцени на очај во блиските импровизирани шаторски болници каде првично беа донесени мртвите и повредените“.

Фестивалот Кумб Мела беше многу промовиран од индискиот премиер Нарендра Моди, чие лице беше видливо на плакатите низ целиот настан, а тој претходно ги пофали „необичните“ и „незаборавните“ толпи што присуствуваа.

Моди ја нарече несреќата во средата „екстремно тажен“ инцидент.

Очекувањата се дека годинава повеќе од 400 милиони луѓе ќе учествуваат на настанот, што е најмногу во историјата на овој фестивал.

Поврзани содржини