На Макрон му влепија шлаканица ВИДЕО

1,032

Претседателот на Франција Емануел Макрон на внатрешна турнеја во земјата при средба со публиката, доби шлаканица од еден посетител. По инцидентот, уапсени се две лица.

Настанот се случи во регионот Дром, во југоисточна Франција. Сакајќи да се поздрави со присутниот народ, едно лице извикувајќи „Долу Макрон” и претставувајќи се како анархист, му удри шлаканица на претседателот. Набрзо обезбедувањето реагираше и го неутрализира напаѓачот. Емануел Макрон потоа ја продолжи својата посета.






Видеото од инцидентот веќе се рашири на интернет.

Поврзани содржини