НАЈГРДИТЕ ГРАДБИ ВО КИНА Кинезите гласаат, на листата има Триумфална Порта и зграда од Рем Кулхас (ФОТО)
За Триумфалната порта се пожалиле студентите од престижниот Универзитет Жеџијанг во источна Кина. Таа стои на јужната страна од Универзитетот, а ја изградиле поранешни студенти. Портата се состои од шест столба и пет лакови. Студентите велат дека таа не одговара на намената и ја предложија да биде „најгрдото“ архитектонско достигнување годинава. Портата досега собра 8.739 гласа и засега се наоѓа на врвот на годинешната листа најгрди зданија.
Дури 87 згради низ Кина се натпреваруваат за најгрд објект годинава, а меѓу нив се и зградата во облик на „џиновска бабушка“, храм со изглед на виолина, една триумфална капија налик нашата во Источна Кина и можеби најшокантното – дело на светски познатиот архитект Рем Кулхас, зградата на националниот сервис, кој го викаат „големите панталони“, јавува МИА.
Но, фаворит од сите дела е…Триумфалната порта.

За Триумфалната порта се пожалиле студентите од престижниот Универзитет Жеџијанг во источна Кина. Таа стои на јужната страна од Универзитетот, а ја изградиле поранешни студенти. Портата се состои од шест столба и пет лакови. Студентите велат дека таа не одговара на намената и ја предложија да биде „најгрдото“ архитектонско достигнување годинава. Портата досега собра 8.739 гласа и засега се наоѓа на врвот на годинешната листа најгрди зданија.
Секако, да не ја потцениме и „џиновската бабушка“. Таа, сепак, е симпатична.

Кина веќе со години е „експериментална почва“ за архитектите … Во секоја смисла. Меѓу овогодишните „натпреварувачи“ се и стаклениот мост „Добредојдовте во пеколот“, кој поврзува две планини во Сечуан со по две масивни статуи на луѓе во традиционална облека на краевите, огромна порта во паркот Јунан која наликува на Триумфалната порта во Париз … Во недовршениот тематски парк Хебеи, пак, друга зграда „ги меша“ истокот и западот, така што едната половина личи на кинески храм, а другата – на американскиот Капитол Хил.
Еве ја таа „пола-пола“ естетика на дело.

Според организаторот, целта на натпреварот е да се поттикне општествената одговорност на архитектите.
Националната комисија за развој и реформи во април забрани изградба на „грди згради“. Ова не е првпат властите да се обидат да донесат „правилник“ за тоа како треба да изгледаат зградите во Кина. Лани се издаде и документ којшто објаснува како да се зајакне архитектурата во кинеските градови, што ги исклучува „големите згради со чуден стил кои се загуба на ресурси“.