НА ЕУ Ѝ НЕДОСТИГААТ БАРУТ И ТНТ Европа сака да прави муниција, но нема материјали

Според информациите причината за недостигот на главните компоненти е зголемената побарувачка за експлозиви и исцрпувањето на украинските резерви.

361

Европа се соочува со голем недостиг од барут, ТНТ и други клучни компоненти за муниција, пишува Блумберг. Причината е зголемената побарувачка за експлозиви и исцрпувањето на украинските резерви.

Како што пишува изданието, германскиот концерн за производство на воена опрема „Рајнметал“ ќе го зголеми производството на барут за 60% до 2028 година, но тоа не е доволно.






Со ограничените залихи на памук, кој е потребен за производство на нитроцелулоза, недостигот на барут само се зголемува. Памукот сега се увезува од Кина, што ја загрозува стабилноста на снабдувањето. Покрај тоа, на Западот му недостасуваат специјалисти за производство на експлозиви.

Поврзани содржини