НАЈДОБРИТЕ ОБРОЦИ ЗА БИСТАР УМ И ПРЕВЕНЦИЈА ОД СТАРЕЕЊЕ Што препорачуваат експертите за исхрана?

Најдобрите меѓуоброци за бистар ум и превенција од стареењето

0

Стареењето се манифестира на различни начини, од брчки на кожата, послаби зглобови до когнитивен пад. Во моментов, истражувањата за процесот на стареење се првенствено фокусирани на клеточното стареење и оштетување на теломерите. При клеточното стареење, нормалната клеточна делба запира и настануваат воспалителни хемикалии кои можат да ги оштетат околните клетки. Теломерите пак е најдобро да се опишат како капи на краевите на хромозомите направени од нишки на повторувачка ДНК. Тие се скратуваат за време на клеточната делба, или стареењето, и ги губат своите претходни својства. И двата поврзани процеси можат да бидат под влијание, меѓу другото, на начинот на живот, што вклучува и избор на храна. Експертите за исхрана се согласуваат дека еден начин за борба против стареењето е да се јаде храна што го поддржува здравјето на клеточно ниво и тие ги издвоија следните намирници како најдобри за меѓуоброци и грицки.

Сиров зеленчук






Покрај исхраната, другите навики и начин на живот придонесуваат за здраво стареење. Тие вклучуваат вежбање, доволно спиење, минимизирање на консумацијата на алкохол и добро управување со стресот, но ако мора да изберете најздрава ужина, диететичарот, готвач и консултант за исхрана Рајан Саразен препорачува ужина со сиров зеленчук.

– Имајте на ум дека не постои магична ужина против стареење, но посегнувањето по цела храна како што е шарениот зеленчук, кој е богат со влакна и антиоксиданти, може да помогне – вели таа. Студиите покажуваат дека хранливите материи во зеленчукот можат да го забават стареењето на клетките.

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини