ИНФЛАЦИЈАТА ВО МАЈ ПОРАСНАЛА ЗА 0,6% На годишно ниво изнесува 4,8%

Во мај во однос на април, најголемо зголемување на трошоците на животот е забележан раст кај транспортот од 1,6%,

0

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во мај 2026 година во однос на мај 2025 година, бележи зголемување од 4,8 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 5,6%, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

Најголемо зголемување на трошоците на живот на годишна основа има кај транспортот од 11,1%. Кај цените највисок годишен раст од 6,7% има кај земјодлеските производи и непрехранбените прозиводи од 6,4%






Според пресметките на ДЗС, инфлацијата во мај во однос на април пораснала за за 0, 6%, а цените на мало се зголемиле за 0,8%.

Во мај во однос на април, најголемо зголемување на трошоците на животот е забележан раст кај транспортот од 1,6%, потоа кај храната безалкохолните пијалаци и облеката и обувките раст од 1%, кај  рекреација, спорт и култура од 0,9%, информации и комуникации од 0,7%, кај рестораните и услугите за сместување од 0,5 %, додека пак, кај здравствена заштита, домување, вода, електрична енергија, гас и други горива зголемувањето е од 0,1%.

Во мај во однос на април намалување на трошоците на животот е забележано во групите Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги за 0,4 % и Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 0,1%.

Трошоците на животот во групите Услуги за образование, Осигурување и финансиски услуги и Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Кај цените највисок месечен раст има кај цените на на земјоделските производи од 4,4%.

 

1. Индекси на трошоците на животот мај 2026 година
V 2026
Ø2025
V 2026
IV 2026
V 2026
V 2025
I-V 2026
Ø2025
I-V 2026
I-V 2025
V 2026
XII 2025
I-V 2026
XII 2025
ВКУПНО 104.1 100.6 104.8 102.5 104.3 102.1 100.5
Храна и безалкохолни пијалаци 104.6 101.0 104.7 103.2 105.8 102.3 100.9
Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици 108.2 100.0 109.3 106.0 107.7 104.8 102.8
Облека и обувки 102.6 101.0 102.2 101.1 102.0 101.8 100.3
Домување, вода, електрична енергија,
гас и други горива
102.7 100.1 102.9 102.4 102.8 101.9 101.5
Покуќнина, опрема за домаќинствата и
редовно одржување на
домаќинствата
103.3 99.9 104.6 103.4 105.2 100.8 100.9
Здравствена заштита 101.5 100.1 101.8 101.3 102.1 99.9 99.7
Транспорт 107.1 101.6 111.0 98.8 101.2 104.0 96.0
Информации и комуникации 101.7 100.7 102.8 100.8 102.0 99.7 98.8
Рекреација, спорт и култура 104.4 100.9 105.5 102.6 105.3 101.5 99.7
Услуги за образование 104.7 100.0 104.6 103.5 103.4 104.8 103.7
Ресторани и услуги за сместување 103.6 100.5 105.0 102.9 104.4 101.7 101.0
Осигурување и финансиски услуги 101.0 100.0 101.7 101.0 101.7 100.0 100.0
Лична нега, социјална заштита и
разновидни стоки и услуги
101.8 99.6 102.1 101.4 102.5 100.9 100.6
Поврзани содржини